1. Заокружи ја буквата пред точниот исказ:
Кое од следните соединенија не е моносахарид:
а) рибоза б) фруктоза в) галактоза г) еритроза д) сахароза При реакција на алкохол и алдехид или кетон се добива:
а) киселина б) естер в) ацетали и полуацетали г) етери и фенолице
Молекулите кои се однесуваат едни спрема други како предмет и лик во огледало се викаат:
а) рацемска смеса б) енантиомери в) ацетали г) полуацетали
2. Дополни:
а) Поважни претставници на алдопентози се:
в) Наоѓање на јаглехидрати
г) Рацемска смеса
д) Мутаротација
ѓ) Аномерни соединенија
3. Напиши:
а) една алдопентоза и определи го бројот на стереоизомери
б) α –Д-глукопираноза и означи ја полуацеталната ОН група
в) Д-фруктоза
4. Определи ја масата на јаглерод во еден човечки организам од 85 кг.
ТЕМА: СИСТЕМАТИЗАЦИЈА ЗА ЈАГЛЕХИДРАТИ
1. Заокружи ја буквата пред точниот исказ:
Ø Кое од следните соединенија е полисахарид:
а) деоксирибоза б) лактоза
в) галактоза
г) целулоза д)
сахароза
Ø Полимер од глукозата изграден од 800-12000
глукопиранозни единици поврзани β(1-4) гликозидно е:
а) хепарин б) скроб в) целулоза г) гликоген
Ø при хидролиза на сахароза со минерални
киселини се добива:
а) фруктоза и
сахароза б) рибоза и фруктоза в) глукоза и деоксирибоза г) фруктоза и глукоза
2. Дополни и објасни:
а) Амилопектинот е застапена во скробните зрнца _________%.
б) Рацемска смеса е ___________________________________________ .
з) При хидролиза на раствор на сахароза со разредена минерална киселина или
под дејство на ензимот сахараза се добива
___________________________________________ .
в) Сахарозата е изградена од
____________________________________________________ .
г) При редукција на глукоза се добива
____________________________________________ .
д) Енантиомери се ____________________________________________________________ .
ѓ) Декстрогири се супстанци
____________________________________________________ .
е) Супстанци кои при хидролиза даваат полихидроксилни алдехиди или
полихидроксилни кетони се викаат
______________________________________________________________ .
н) Поважни претставници на хетерополисахариди
се:
в) Наоѓање на скробот
в) Наоѓање на скробот
г) Гликоген
3. Напиши:
а) равенка за добивање на дисахарид малтоза
б) равенка за добивање на дисахарид трехалоза
в) равенка за
добивање на дел од молекулата на β-лактоза
г) равенка за добивање на дисахарид сахароза
д) равенка за добивање на алфа, бета метил гликозид,
уронска киселина, фосфатен естер
4. Објасни го сврзувањето меѓу молекулите на глукоза во скробот.
5. Објасни зошто дисахаридите со трехалозен начин на
сврзување не покажуваат својства на мутаротација, редукција и не градат
гликозиди?
6. Напиши ја ацикличната формула на рибоза, деоксирибоза,
глукоза, фруктоза, галактоза,
определи го бројот на хирални јаглеродни атоми и бројот на оптички изомери.
7. Определи ја масата на сребро што се добива при оксидација на 80 грама
глукоза со Толенсов реагенс. Аr(C)=12, Ar(O)=16, Ar(Ag)=107,87
8. Определи ја масата на глукоза што е потребна за оксидација со Толенсов
реагенс за да се добие 220 грама
елементарно сребро. Аr(C)=12, Ar(O)=16,
Ar(Ag)=107,87
No comments:
Post a Comment